ace123 ace123 ace123
корисничко име
лозинка

Политика

Политика за приватност

ФЛОРИС ДОО подложи на сите закони кои се во областа на заштитата на приватноста на податоците, сè со цел да ја заштити Вашата приватност. Политиката за заштита на лични податоци и приватноста се однесува на доверливоста на податоците кои се наоѓаат на страниците и кои со користење на тие страници од крајните корисници се собрани и сочувани во базите на податоци на Интернет страницитата www.floris.com.mk Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка. Ве молиме прочитајте го долунаведениот текст со што би разбрале кои податоци ние ги земаме од Вас и како ги користиме истите. Ако имате какви било прашања во врска со доверливоста на податоците, Ве молиме контактирајте нè на e-mail адресата floris@t-home.mk

ВЕ МОЛИМЕ ПРОЧИТАЈТЕ ЈА ОВАА ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ И ПРИВАТНОСТ ВНИМАТЕЛНО!!! СО ПРИСТАПУВАЊЕ ИЛИ КОРИСТЕЊЕ НА НАШИОТ ВЕБСАЈТ, ПРИЗНАВАТЕ ДЕКА СТЕ ГИ ПРОЧИТАЛЕ, РАЗБРАЛЕ И СТЕ СЕ СОГЛАСИЛЕ СО СИТЕ УСЛОВИ, ЧЛЕНОВИ ДЕФИНИРАНИ ВО ОВАА ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ И УСЛОВИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ. ДОКОЛКУ НЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО ОВИЕ УСЛОВИ, НАПУШТЕТЕ ЈА ОВАА СТРАНА И НЕ КОРИСТЕТЕ ГО НАШИОТ ВЕБСАЈТ.

Измени во Политиката за заштита на лични податоци

ФЛОРИС ДОО има право периодично да ја обновува Политиката за заштита на личните податоци. Измените стапуваат на сила веднаш по објавата на обновената верзија. Секој корисник е одговорен периодично да ја проверува Политиката пред користење на нашиот вебсајт со цел да ги дознае најновите промени. Со самото купувње на карти Вие потврдувате дека се согласувате со новите промени на Политиката за заштита на личните податоци.

Прибирање и користење на личните податоци

Личните податоци, доброволно поднесени од нашите посетители: Име, презиме, поштенска адреса, контакт телефонски број и електронска адреса, се прибираат и употребуваат со цел да се исполни Вашата побарана нарачка или со цел да бидете навремено информирани за сите новости кои би биле од заеднички интерес. Со нивното поднесување Вие се согласувате да ги отстапите истите на ФЛОРИС ДОО на обработка за целите на кои се однесуваат.

Овие информации ќе се користат единствено за цел исполнување на нарачките и информирање.

Доколку сте регистриран корисник на нашиот вебсајт, Вашите лични податоци ќе бидат зачувани сè додека го имате тој статус. Личните податоци ќе бидат чувани во форма што овозможува идентификација на субјектот на личните податоци. Како регистриран корисник на нашиот веб сајт, Вашите лични податоци ќе бидат зачувани сè додека го имате тој статус. Кога купувате производи од нашиот вебсајт користејќи кредитна картичка, Вашите основни податоци (име и презиме, адреса и контакт тел.) ќе бидат задржани онолку долго колку што е потребно за процесирање на која било идна трансакција поврзана со Вашата нарачка, вклучувајќи и рефундирање на пари.

Согласноста можете да ја повлечете во секој момент, информирајќи го ФЛОРИС ДОО за истото на е-mail адресата floris@t-home.mk , по што истите се бришат и уништуваат.

ФЛОРИС ДОО нема да ги споделува, продава, ниту изнајмува Вашите лични податоци на неовластени лица!!!

ФЛОРИС ДОО ќе ги искористи Вашите лични податоци:
• кога купувате производи, за да ја изврши трансакцијата по потреба да контактира со Вас за Вашата нарачка, достава на карта и сл.
• кога купувате производи, ФЛОРИС ДОО ќе ги сподели Вашите лични податоци со овластена компанија која ке ја процесира трансакцијата до банката.

Заштита на Вашата сметка

Вашата лозинка е клучот од Вашиот кориснички акаунт.

Вашето корисничко име и лозинка треба да се разликуваат и да Ви бидат познати единствено Вам. Доколку Вашето корисничко име е идентично со Вашата лозинка, возможно е лесно користење на Вашиот идентитет при користење на било какви активности на веб страницата. Користете броеви, букви и специјални знаци и не ја откривајте Вашата лозинка никому.

Доколку изгубите контрола врз лозинката, губите и контрола врз Вашите лични податоци и можете да станете предмет на законски водени активности предводени во Ваше име.

Заради тоа, доколку Вашата лозинка е компромитирана од било која причина, веднаш известете ја ФЛОРИС ДОО и сменете ја лозинката. До известувањето на ФЛОРИС ДОО од страна на Корисникот, ФЛОРИС ДОО не превзема никаква одговорност за злоупотреба на лозинката и личните податоци.

Cookies/Технологија на следење

Оваа веб страница може да употребува cookies и технологија на следење во зависност од понудените форми. Cookie и технологијата на следење се корисни за прибирање на информации како што се тип на пребарувач и оперативен систем, следење на број на посетители на веб страницата и употреба на веб страницата од страна на посетителите.

Cookies исто така придoнeсуваат кон подобрување на веб страницата и нејзино прилагодување кон потребите на посетителите. Личните податоци не можат да се прибираат преку Cookies. Давање на лични податоци на користење Само врз основа на закон Вашите лични податоци можат да бидат дадени на користење на државни органи или други институции.

Обврска за тајност и заштита на личните податоци

Вашите лични податоци се безбедно сочувани од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап. Единствено авторизирани вработени имат пристап кон овие информации. Преносот на личните податоци е заштитен со соодветни методи, така што истите нема да бидат читливи при преносот и заштитени соодветно на ризикот и природата на податоците кои се пренесуваат. Заради спречување на неовластен пристап и злоупотреба на личните податоци, ќе се превземат сите потребни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци.

Употреба на веб страницата од страна на малолетни лица

Им препорачуваме на сите родители и старатели да ги научат своите деца на безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет. Малолетните лица не смеат да даваат лични податоци без дозвола од нивните родители или старатели. ФЛОРИС ДОО никогаш нема намерно да земе лични податоци од малолетници, ниту пак истите да ги проследи на трета страна без дозвола од родителот/старателот.

За подетални дополнителни информации, Ве молиме погледнете го ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ/ ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/05 и 103/08).


Политика за поврат на средства

Bо случај на рекламација на продукт(и) каде како причини може да се јават грешка при нарачка, испорачан погрешен продукт, дефект на продуктот, неисправен продукт при прием, или други причини, ФЛОРИС ДОО ќе вложи напори во најскоро време да направи замена на продуктите или доколку нема залихи од продуктот, ќе се обиде да го набави истиот. Доколку не сме во можност да го замениме продуктот, на Корисниците ќе им биде понудено рефундирање на уплатените парични средства


Политика за достава

Цена на достава чини 170 денари. Доколку сумата на нарачката е над 5000 денари, доставата е бесплатна. Оваа полиса важи само во границите за Република Македонија.



Floris 2010 | почетна | за нас | галерија | продукти | новости | политика | контакт | en | Developed by Blue Zone - 2010